Ние сме Грдовјанка!
Транспортна и Шпедитерска компанија Грдовјанка ДОО е основна во 1991 година од страна на г-дин Славе Донев и г-ѓа Стојка Донева, со седиште во град Штип, Македонија. Создавањето на оваа компанија се должи на успешната кариера на нејзиниот управител во областа за транспорт на стока, а името на фирмата потекнува од родното место на г-ѓа Стојка Донева – Грдовци.
Во бизнисот се вклучуваат и нивните синови Пеце и Марјан Доневи и како минуваа годините компанијата го зголемува бројот на возила и бројот на вработени. И некаде од 2008 година освен транспорт на текстил, Грдовјанка ДОО започнува со транспорт на замрзнато овошје и зеленчук за кој беа набавени специјални камиони со ладилници. Истата година Грдовјанка ДОО е прогласена за „Најдобра транспортна фирма во Македонија“.
На самиот почеток Грдовјанка ДОО располагаше со 1 возило, за со текот на времето и континуирана работа, денес поседуваме 30 сопствени возила од кои 20 камиони EURO 6 и 10 камиони EURO 5 стандард кои се опремени со најсовремена опрема.
Интегрирани патни мрежи, покривајќи го светот. Преку нашата глобална мрежа на контролни кули и најсовремена технологија, ние сме во состојба да ги следиме и динамично да реагираме на ситуации како што се неповолни временски услови, дополнителни успони или падови или густ сообраќај, што значи дека вашата стока секогаш ќе патува на најефикасен начин.
Нашата патна мрежа базирана на не-средства ви нуди флексибилност, подобрени нивоа на услуга, забрзана испорака, намалени директни и индиректни трошоци и многу помалку сложеност.
Нашата мисија
- Обезбедување на вработените со одлична работна средина
- Снабдување на време
- Безбеден транспорт
- Опремени возила
- Задоволни клиенти
- Обезбедување целосна безбедност
- Добра комуникација со клиенти
Наши партнери
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Грдовјанка ДОО е водечка транспортна компанија која ви нуди меѓународни и внатрешени транспортни услуги.
Активни дестинации за извоз и увоз на стока се :Германија, Турција, Чешка, Холандија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Италија, Албанија, Полска, Тунис, Франција, Шпанија и др. Во Македонија исто така вршиме секојдневен транспорт на стока .
Сите возила од нашиот возен парк се покриени со CMR осигурување во соработка со Триглав осигурување.
Грдовјанка врши транспорт на текстилни производи и овошје и зеленчук.
Некаде во 1991 година, сопружниците Стојка и Славе Доневи, се решаваат да отворат транспортна фирма. „За таа цел тогаш купивме еден половен МАН камион, а сопругата Стојна стана прва жена со возачка дозвола за камион. Името на фирмата потекнува од родното место на сопругата Стојка – Грдовци“.
Имате други прашања? Контактирајте не