Повеќе од 25 години успешна работа и извршување на деловните обврски

Модерна деловна зграда, голем паркинг и добро уреден сервис е првото нешто што ве пречекува при секоја посета на транспортната компанија Грдовјанка од Штип. Компанија која постои од 1991 година и компанија која има добиено многу признанија за својата успешна работа од кои секако највредно е признанието за најдобра македонска транспортна компанија во 2008 година.

И кога партнерите на Грдовјанка работат со намален интензитет, како што е случај околу католичките божиќни празници, во штипската компанија останува одличната работна атмосфера, каде што секој си ја извршува својата обврска.