Почетоци на транспортната компанија Грдовјанка

Некаде во 1991 година, сопружниците Стојка и Славе Доневи, се решаваат да отворат транспортна фирма.

„За таа цел тогаш купивме еден половен МАН камион, а сопругата Стојка стана прва жена со возачка дозвола за камион“, вели Славе Донев, најстариот член на семејството, кој пред тоа, 17 години работел како возач во земјоделскиот комбинат. „Името на фирмата потекнува од родното место на сопругата Стојка – Грдовци“.

Во почетокот фирмата се занимаваше со внатрешен транспорт и набрзо набавува уште едно ново возило, нов Застава камион. Но, од 1993 година започнува соработка со Mayer&Mayer, една од најстарите и најпознати транспортно логистички фирми за текстил во Германија.

После само една година соработка со оваа позната компанија, потпишан е долгорочен договор за соработка кој беше еден од првите од таков вид во Македонија.