Проширување на транспортната компанија Грдовјанка
“Од година во година работата се прошируваше, а со тоа се зголемуваше и нашиот возен парк. Некаде во 2008 година покрај транспортот на текстил започнавме да вршиме и транспорт на смрзнато овошје и зеленчук за чии потреби беа набавени нови камиони.”
Грдовјанка, која има 50 вработени, денес располага со 30 камиони од кои најголем број се од познатата свeтска марка Волво. Во 2006 година беа набавени првите два половни камиони, а од 2008 година до сега се купени уште 13 потполно нови камиони.
“Едноставно мора да се има камиони од врвен светски производител ако сакате квалитетно да ги извршувате своите деловни обврски спрeма своите клиенти кои исто така се познати светски брендови”, објаснуваат Доневи. “Волво камионите ги исполнуваат сите светски стандарди, како во однос на квалитетот така и во однос на сервисните услуги. Имаме одлична соработка со сервисната и продажната служба на Волво Македонија, која е базирана на обострана доверба и размена на искуство. Можеме да се пофалиме дека во својот возен парк имаме од новата FH серија и тоа два со Euro 6 и еден со Euro 5 мотори”.
Според плановите и идеите за развој на компанијата, постојано се инвестира како во возниот парк така и во нови објекти.